Фото: МИА

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре ќе биде забрането движење кај месноста Виречка Полјана, делчевско. Забраната, како што информираа од Подрачната канцеларија на Регионалниот центар за управување со кризи, важи за жителите од повеќе делчевски села, кои гравитираат околу споменатиот регион.

– За да се спречат евентуални несакани последици се известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека во определениот период од 08:00 часот, во поширокиот реон на стрелиштето се забранува секакво движење на луѓе и вршење на било каква работа и испаша на домашни животни – информираа од РЦУК Делчево.

Апелираа граѓаните да се придржуваат до предупредувањето.