Фото: Ка.М.

„Во 2025 година Даночното одделение од општина Прилеп имаше успешна година во однос на собирање на даноци и комунални такси за обезбедување на финaнсиски средства за  реализација на проектите од општината и за подобро функционирање на градот, при што е реализирано и реновирање на објектот, оспособен е системот за електронска наплата односно плаќање преку интернет, што е многу значајно за функционирање на одделението и побрза ефикасност кон граѓаните, кои сакаат на овој начин ги подмируваат обврските“. Ова меѓу другото го изјави денес Јованчо Шишкоски, раководител на Даночното одделение на ЛС Прилеп, на средба со новинарите.

Во  2025 година општина Прилеп по основ на даноци и на такси имала приход од над 130 милиони денари. По основ на данок на имот на  физички лица е околу 50 милиони денери, а за правни лица 15 милиони денари. Вкупниот процент на наплата досега бил над 60 проценти  за комунална такса и фирмарина. Вкупно од 2500 фирми биле наплатени 44 проценти.

-Доставата на решенијата за данок се врши дел по електронски пат, дел со физичко доставување. Сите решенија се доставени, единствено е што правните лица плаќаат на крајот на годината. Не е во целост извршена наплатата кај правните лица, па затоа ги потсетуваме да си ги намират своите обврски, бидејќи ќе бидеме принудени по законски пат да се соберат. Ќе има опомена, а крајна наплата е присилна наплата со блокада на нивните сметки во банка – вели Шишкоски, истакнувајќи дека лани имало  напредок  во поглед на подмирување на обврските во однос на претходните години, особено кај физичките лица.

Но, има и ненаплатени средства од минати години. Комунални  такси ненаплатени се во висина од 50 милиони денари, од кои половината нема да можат да се наплатат, бидејќи фирмите се затворени, а по основ на данок на имот имаме ненаплатено 60 милиони денари, од кои 15 милиони се застарени. Поголем период од 10 години не се извршила наплата заради немање средства на сметки или блокирани сметки велат од даночното одделение при ЛС Прилеп.

Проекцијата за годинава е дека со промовирање на електронската наплата во иднина граѓаните би го плаќале долгот полесно и поедноставно, со што би се зголемил процентот на наплата. Исто со електронскиот систем имаат потполн увид на нивната сметка.

Вкупно во Прилеп 26.330 физички лица се даночни обврзници, 342 се правни. Околу  3500 фирми треба да плаќаат за фирмарина.

Ка.М.