Според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 8 до 13 август 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одредени региони можат да достигнат дури 39°C.
Министерот за здравство, Азир Алиу, на неговиот фејсбук профил ги потсети граѓаните да ги следат препораките за заштита од високите температури, со цел да се избегнат негативните последици по здравјето:
-
Престојувајте во затворени и разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, кога температурите се највисоки.
-
Внесувајте доволно течности и избегнувајте консумирање на алкохол и засладени пијалоци, кои може да го зголемат ризикот од дехидратација.
-
Носете лесна и светла облека, а не заборавајте да користите заштита за глава и очи кога сте на отворено.
-
Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот за да се намали ризикот од топлотен удар.
-
Посветете внимание на најранливите групи: деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, кои се особено чувствителни на високи температури.
-
Ако се појават симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс, веднаш побарајте медицинска помош.
-
Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.
-
Обезбедете соодветни микроклиматски услови во вашиот дом и на работното место (разладени простории со температура до 25°C).