На денешниот втор круг од гласањето на Локалните избори 2025 победа извојува Бошко Цветковски кој си обезбеди втор мандат за градоначалник на Општина Лозово, а e од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.
Неговиот против кандидат Ацо Велковски од Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, кој беше поранешен градоначалник на Општина Лозово во периодот 2017-2021, а кој водеше во првиот круг од Локалните избори 2025, денеска во вториот круг со 47 гласа помалку, изгуби од својот противкандидат Бошко Цветковски.
Според информацијата од Славица Штериова претседателка ОИК Лозово а воедно податоците се и потврдена и објавени и на сајтот на ДИК, во денешниот втор круг на гласање Бошко Цветковски освои 735 гласа или 49,56 проценти од гласачите, а Ацо Велковски освои 688 или 46,39 проценти од гласачите.
Воедно Штериова информира дека во вториот изборен круг од Локалните избори во Општина Лозово биле запишани 1905 гласачи, од кои гласале 1483 гласачи, но 60 ливчиња биле прогласени за неважечки од тие што гласале, со што важечки се 1.423.
-Изборите денеска поминаа во фер и демократска атмосфера, мирно и без никаков инцидент – појасни Штериова.
Бошко Цветковски кој доби втор мандат заедно со неговите симпатизери и подржувачи вечерва ја слават победата пред Општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово.


































