По повод Воскресението Лазарево (Лазарева сабота), во Кичево се одржа празнична поворка во која учествуваа голем број на деца со врбови гранчиња во рацете. Тие тргнаа од градскиот плоштад, поминаа по главната улица и својот пат го завршија во црковниот храм „Свети Петар и Павле“, каде од свештенството добија симболични подароци.
-По вторпат годинава во нашиот град се одбележа Лазарева сабота. Децата најпрво се собраа на градскиот плоштад каде им беа поделени врбови гранчиња и пееќи песни поврзани со воскресението на Свети Лазар и со влегувањето на Господ Исус Христос во Ереусалим (Цветници), ја формираа празничната поворка, поминаа по главната улица во градот а потоа се упатија во црковниот храм – истакна отец Александар Крстаноски и нагласи дека ваквата практика постои во преданието и претствавува навестување на празникот Цветници и на воскресението Христово, Велигден.
-Децата со гранчињата и песниоте што се пеат ги симболизираат децата кои радосно викале и го прославувале влегувањето на Христос во Ерусалим – додаде Крстаноски. З.А.