Фото: З.А

Припадници на СВР Охрид и ОВР Кичево во придружба на новинари и други субјекти од градот, го реализираа проектот„ Соседска патрола“.

Во реализацијата на овој проект вклучените субјекти посетија повеќе угостителски објекти во градот, за на лице место се уверат каква е структурата на гостите , дали се служи алкохол на малолетни лица и дали родителите се доволно информирани каде во ноќните часови се движат и престојуваат нивните деца, потсети портпаролот на СВР Охрид , Стефан Димоски.

– Во соработка со ОВР Кичево го спроведуваме проектот„ Соседска патрола“, кој го реализираме повеќе од десет години. Овој превентивно- едукативен проект има за задача да ги приближи полициските службеници, пред се со младите, и тоа на оние места каде што младите најмногу престојуваат и ги поминуваат ноќните саати и на тој начин да видиме не само ние како полиција туку многу повеќе и Советот на родители и претставници на другите фактори во општината, кои делуваат и имаат директно и индиректно влијание во оваа сфера, практично сите заедно да видиме, каде, како младите ги поминуваат ноќните саати, каде тие се движат на отворен простор, каде што, можеби родителите не секогаш и во секое време можат да појдат самостојно и да видат што се случува таму , како младите се забавуваат, дали имаат несоодветни начини на користење на одредени работи и средстав кои се разбира се предмет на интерес на полицијата – додаде Димоски. З.А.