Со бугарскиот воен авион „Спартан“ превезени се осуммина од повредените во пожарот во Кочани, Република Северна Македонија – соопшти бугарската владина прес-служба.
Петмина од транспортираните се тешко повредени и се на механичка вентилација, и уште тројца на кои не им е потребна – јави БТА.
Петмина од пациентите ќе бидат сместени во Универзитетскиот болнички медицински центар „Н. И. Пирогов“. Останатите три лица со тешки изгореници со авион го продолжуваат патувањето до болницата во Варна кон Воено медицинската академија (ВМА).
Уште пет лица во тешка состојба и на механичка вентилација се очекува во текот на денешниот ден да пристигнат со амбулантни возила со специјализирана опрема во софискиот централен ургентен центар.
Тројца од нив ќе бидат сместени во Пловдивската универзитетска болница „Св. Ѓорѓи“, а двајца ќе се лекуваат во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија.