ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за предлог-закон за амнестија за настаните од 27 април и ќе го поднесе предлог-законот во Собранието, истакнува Јанаки Митровски во својот статус на социјалните мрежи.
– Првичниот наш текст е подобрен, во консултација со нас тргната е одредбата од 50 % и се оди на целосно ослободување од казна. Текстот е подобрен од страна на пратениците и со тоа што се остава можност секој амнестиран да се жали дека не прифаќа амнестија доколку е тоа негова желба, со оглед на фактот дека еден до осудените јавно прокламира дека не сака амнестија, што мора да се почитува. Јас и Пешевски апелираме до сите политички партии да го поддржат законското решение кое НЕ навлегува во правото на осудените да си ја продолжат постапката пред Врховниот суд, а воедно и не е дека издржуваат казна еден-два-три месеци, туку шеста година се во затвор, додека оние со употребна вредност не само што се на слобода туку се и дополнително наградени! Доста е! – потенцира Митровски во напишаното.
Инаку, адвокатскиот тим Јанаки Митровски и адвокатската канцеларија „Пешевски и Тимовски“ поднесе иницијатива за предлог-закон за амнестија на осудените за настаните од 27 април со пратеничките групи.
Некои од пратениците беа со став првин да ја видат иницијативата за новиот закон за амнестија за осудените од собраниските настани на 27 април, а потоа ќе го кажат и ставот.