Нивото на реката Вардар кај селото Раотинце, Општина Јегуновце, е високо и не е променето од синоќа. Водостојот на Вардар е висок и кај Велес.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради слаби локални врнежи во сливното подрачје на Кочанска река нејзиното ниво е зголемено. Од ЦУК додаваат дека во атарот на село Облешево е високо, а реката е излеана надвор од коритото и зафатена е земјоделска површина.
Регионалниот ЦУК Прилеп известува дека по јавување на граѓанин за оштетување на коритото на „Дабнички канал“ на ул. „Кеј 19 –ти Септември“ наспроти објект – зграда 3 и е направена дупка што е проширена до работ со асфалтот од улицата.
На лице место веднаш се излезени вработените во РЦУК Прилеп и е утврдено дека тоа претставува опасност за минувачи, како и дека можно е пропаѓање на асфалтот при минување на потешки возила.
Поради обилните врмнежи од дожд водостојот на реките утрово во однос на просекот за јуни е зголемен тројно на реката Вардар кај Јегуновце, кај Велес и кај Демир Капија, како и на реката Пчиња кај Катлановска Бања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Зголемено ниво на водата се бележи и на реката Струмица кај Сушево и Ново Село, на Црна Река кај Новаци, на реката Лепенец, како и на Бабуна кај Богомила. Единствено намалување на нивото на водата има на реката Брегалница кај Берово.
Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот.