Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје ги поздравија медицинските работници. Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“, „Доста беше смрт”, „Секој еден, може да е следен”…
Протестниот марш треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.