Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш, Турција, во попладневните часови асистираа во успешна успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините по земјотресот.
Нашиот армиски тим почнал со пребарување по сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини.
-По шестчасовно расчистување на урнатините слушнале детски глас. Заедно со турскиот тим за пребарување продолжиле со акцијата и по четиричасовното максимално ангажирање успеале да го извлечат пет годишниот Сулејман од урнатините – информираат од Генералштабот на Армијата.