Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Венко Филипче победи на внатрепартиските избори во СДСМ со 8.474 гласови.
Кандидатот Јован Деспотовски доби 2.291 гласови, а Александар Бајдевски 868. Неважечки биле се 159 гласачки ливчиња. Славјанка Петровска, иако се повлече од изборната трка, остана на избирачкото ливче и доби 172 гласа.
Инаку, гласале 12.608 членови на партијата, од запишаните 23.000.

Венко Филипче е избран за нов претседател на СДСМ на денешните вонредни внатрепартиски избори со над 9.000 гласа од вкупно излезени 12.200 гласачи од запишаните 23. 000.

-Вечерва СДСМ доби нов претседател. Во една фер и демократска процедура на внатрепартиски избори Социјалдемократите го избраа др. Венко Филипче за претседател на СДСМ. По завршување на гласањето во 20 часот во 77 избирачки места пристигнаа прелиминарните резултати кои се 95 отсто обработени. Од нив Филипче има 9.052 гласа, Александар Бајдески 905, Јован Деспотовски 2705 и Славјанска Петровска 190 гласа. Неважечки се 174. Конечните резултати ќе ги објавиме во рок од 48 часа по истекот на рокот за приговори и жалби – изјави претседателката на Централната изборна комисија на СДСМ Викторија Аврамовска Мадиќ.

Таа се заблагодари до ЦИК, до сите членови на општинските избори, на сите кои се вложиле во овој процес да биде, како што рече, легитимен, демократски и да помине во фер и демократска атмосфера.

Филипче изјави дека СДСМ докажа дека има демократски капацитет и високо ниво на професионализам.

-Ценам дека е спроведен беспрекорен изборен ден и целосно легитимен изборен процес. Сакам да им честитам и на моите сопартијци кои беа дел од оваа изборна трка. Драго ми е што имавме конкурентни избори со повеќе кандидати. Од оваа кампања верувам дека сите научивме по нешто и сечиј придонес беше важен, СДСМ упште еднаш го покажа својот демократски капацитет кој како иден претседател ќе го негувам и унапредувам – рече Филиче упатувајќи благодарност до сите кои гласаа на изборите.

Вети дека ќе направи се за да не ја изневери добиената доверба.

– Вечерва во СДСМ победи професионализмот, епматијата грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционира СДСМ. Моја цел е да ги вбризгамн во СДСМ прицципите кои ме водат во мојот личен и професионален живот – принципите на заедништво, другарство заемна почит и отворена комуникација – рече Филипче.

Нагласи дека нема време за славење туку дека сега е време за обнова на СДСМ и за многу работа.

-Следи период на реорганизација и реформа согласно моите програмски ветувања со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо ниту лесно, но јас знам дека нема друг начин да ја вратиме довербата кај нашите членови освен да направиме вистински темелни промени. Промените не можеме ниту да ги лажираме ниту да бидат половични, туку вистински и искрени за да може полека но сигурно да ги освојуваме срцата на граѓаните – рече Филипче.

Вети дека како претседател нема да дели туку ќе обединува, ќе води со пример, силно ќе се спроитистави на оние кои ќе сакаат да ја ослабат партијата на сметка на личниот интерс, дека СДСМ ќе биде приземна, отворена и модерна партија подготвена за претстојните предизвици.

-Многумина сакаа да ја видат СДСМ клекната и поразена. Се надеваа дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а на оние кои се надеваат на лоша иднина им порачувам – длабоко ќе се разочараат. Ветувам дека ќе бидеме силна опозиција, ќе се бориме со сите сили да ги спречиме лошите политики на власта и ќе бидеме коректив во општеството. СДСМ бил и ќе биде гласот на разумот, секогаш кога граѓанската волја ќе биде погазена, или се прават штети на држвата. СДСМ секогаш ја одбирала страната на напредокот, на демократијата, на државноста и европските вредности и затоа мора да продолжиме да чекориме по тој пат, мора да се бориме граѓаните да го препознаат тоа во нас, бидејќи тоа ќе значи победа за СДСМ – порача Филипче.


Деспотовски со забелешки за изборите

Инаку, кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските членови кои гласаа на изборите, но искажа и забелешки за одвивањето на изборите.

-Денеска, дел од членовите на СДСМ гласаа. СДСМ е единствената партија и во земјава, и во регионот, која има широк модел за избор на претседател. Со тоа треба да ја покаже својата големина и демократски капацитет. Но, тој демократски капацитет денес, но и во деновите што следат треба да биде докажан и потврден. Од срце им благодарам на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, како и на сите оние кои излегоа, дојдоа на избирачките места но од различни причини не им беше овозможено да гласаат. Искрено им благодарам на сите оние кои во изминатите неколку недели беа со нас и дадоа своја енергија во градење на еден нов СДСМ – наведува во пишаната изјава Деспостовски.

Тој пред да даде оценка за изборите, побара од Централната изборна комисија на партијата да даде одговор на прашањето зошто над десет илјади членовите кои се регистрирале не излегле да гласаат и зошто на членови кои биле уредно регистрирани, не им било овозможено да гласаат на гласачите места. Деспотовски воедно најави дека неговиот тим утре ќе поднесе приговори за констатираните забелешки.

-На овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори. СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овие прашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори. Ова, без разлика на исходот од денешното гласање и резултатите кои ги очекуваме во следните два часа – наведува Деспотовски.