Фото: Архив на МАНУ

Професорот и писател Венко Андоновски одржа пристапно предавање во МАНУ пред академици, студенти, љубители на книжевноста на тема „Достоевски и Мекдоналдс“. Зборуваше за изложеноста на денешните книжевности на силен налет на глобализацијата, редефинирањето на поимот книжевност и наметнување на една нова естетика на бестселерот. Како што зборува професорот тој бестселер се сведува на тематски список на пожелни геополитички теми и стеротипи, а својата естетика ја позајмува од геномот мелодрама. Тој оваа книжевност ја нарекува „Мекдоналдс жанр“ или „фест фуд“ книжевност.

-Наспроти таа кич и „ready made“ книжевност словенските литератури имаат свои богати книжевни традиции во кои централните прашања се сврзани со Бога, со смислата на животот и човекот, бесмртноста. Најмладите писатели од словенските или „децималните“ книжевности се пред сериозна дилема дали да останат во локалната традиција или да се свртат кон оваа лесна ама нормативна „книжевност“ која гарантира слава и милионски тиражи – вели професорот.

Книжевноста никогаш не била толку трговија како денес. Никогаш не била до толкав степен производство како денес, посочи тој.

-Пред појавата на глобализацијата и потрошувачкото општество уметноста се сметаше за последна оаза на индивидуалноста. Уметничкото дело беше индивидуален, но затоа и креативен чин, и токму во таа индивидуелизација на перцепциите во делото се гледаше неговата уметничка вредност. Колку поиндивидуално, толку поголемо дело, гласеше основниот закон на „Бибилијата на естетиката“ до појавата на потрошувачкото општество. Невозможно е да се разбере како за само неколку децении се случи редефинирање на „светска книжевност“ и негово сведување на поимот „глобализациска книжевност“, највидливо олицетворена во денешниот бестселер – истакна Андоновски.

На крајот од предавањето, Андоновски со плакета беше назначен за дописен член на МАНУ.