Варшавско гето – слава му на пост мортемот

СТАВ

Посветено на денот на холокаустот Јом Хашоа, 13 април 2026

Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио

„Тие што не можат да се сеќаваат на минатото се осудени да го повторат“, вели шпанско-американскиот филозоф Џорџ Сантајана. Секој Евреин треба ова да го повторува дневно, длабоко, за добро на себе и за љубов кон Бога. А Библијата вели: „Ако те заборавам тебе, Ерусалиме, нека заборави десната рака моја сѐ што знае! Нека ми се залепи јазикот за непцето, ако не се сетам на тебе, ако не го возвишам Ерусалим над својата најголема радост!“ (Псалм 137: 5-6). Рефренот се повторувал во Вавилон, при рушењето на Ерусалим од Рим, Масада, инквизицијата, Аушвиц, Варшавското гето, а сега (се надевам) и во Израел. Повторувај, повторувај Јудејцу… оти ќе те нема… оти милост – нема за тебе. И онака ќе гориш – немој да молиш, немој џабе! Денот е далеку. Дали ќе има втор холокауст? Чука на врата, ама не гледаш – ѓаволот е влезен на вашата врата, заедно со т.н. „џихад“ – возљубениот од Европа и Балканот.

Пред да ги однесат Евреите по логори, прво ги концентрирале во гета. Најголеми гета и логори на смртта биле во Полска. Причина за тоа е што во Полска имало најголем број Евреи, а антисемитизмот бил надрационален и надреалистичен, што значи не може да бегаат, а и резистенцијата не ги примала. Полски партизани убивала еврејски партизани, а во селата масивно поткажувале ако се криел некој Евреин (читај ги Јан Грабовски, Јиржи Косински, „Обоена птица“, Јан Т. Грос, Јошуа Цимерман, Леон Урис, Ана Биконт, Томаж Грос, Емануел Рингемблум и други). Но имало и обратни случаи. Сѐ е релативно. На 2 октомври 1940 година е донесен декрет за формирање на гетото од германските управители на Варшава под водство на околискиот управител Лудвиг Фишер (истакнат наци-лидер, правник, главен управник одговорен за масовни убиства во Варшава не само на Евреи, одговорен за иницирање и уништување на Варшавското гето, осуден на смрт по војната). Други нацисти учесници се: Ханс Франк, главен управник на полските окупирани територии, пријател и советник на Хитлер, супервизор на логорите во Полска, одговорен за масовни убиства и осуден на смрт во 1946 година. Потоа Јирген Струп, ес-ес лидер и полициски шеф во Полска, подоцна и Грција, супервизор командант на рушењето-палењето на Варшавското гето, одговорен за стрелање американски офицери, осуден на смрт во 1952 година. Потоа Фердинанд фон Самерн-Франкенег – австриски правник и ес-ес командант, бригаден лидер во Варшава. Постоела и посебна полиција за Евреите – контрола и депортација. Гледате колкава машинерија е ангажирана за решавање на еврејското прашање т.е. тотално ликвидирање. Слична машинерија постоела и во Бугарија, во самата држава и окупираните територии што ги опишав минатиот пат. Еврејскиот отпор (ЖОБ), на чело со Мордехаи Анилевич, Адам Черниаков, Мордехаи Еделман и други, со 700-1.000 борци се бореле со пиштоли, гранати и молотови коктели против тенкови. Април е зол – се случува будење на терминатори, а мај е крајот. На 8 мај 1943 година гетото е уништено. Преживеаните се убиени во Треблинка во исто време со оние од Македонија.

  • Македонско-тракиските Евреи се жртва на евтаназија-проект – постои договор меѓу Белев и Ајхман за „експериментално“ тотално уништување на Евреите од бугарско-окупаторските подрачја. Бугарските политичари велат дека „ги спасиле своите Евреи“. Знаете како? Ги испратиле по логори во Подунавјето. Пред две недели се јави и фамозниот профитер баци-Бугарин Љубчо Георгиевски со противтеорија за бугарогенеза на македонскиот холокауст. Само едно не ми е јасно – дали повеќе го обожава цар Борис Трети или Радев? Но не е битно – тој не е виновен. Виновни се медиумите што постојано го воскреснуваат и холивудизираат. Парите (милијарди) што тој и таа сорта „ајкули“ ги ишмукаа од народот се „финансиски холокауст на Македонија“. А истрага?

Зошто им беше толку важно да ги истребат Евреите? Во текот на животот со кумулираните искуства дојдов до некои заклучоци што се малку поинакви од официјалните констатации. Официјално се вели дека се работи за „расизам“ кон Евреите. Прво, нема еврејска раса – гледајте фаци во Израел и по светот, а Семити се и други народи, вклучувајќи ги и Арапите, кои биле сојузници со Германците. Зошто? Првиот збор е нафта! А вториот збор? Шпионажа. Трет збор – „Ханџар дивизија“ на муслимански нацисти во Босна, кај нас, Кавказ, водена од пријателот на Хитлер, Ел Хусеини, кој закла илјадници Срби, Евреи, муслимани и други, а потоа како муфтија на Ерусалим е идеолошки „татко“ на „Муслиманските браќа“, кои во мутирани форми се глобални терористи во светот, го застрашуваат, основа се на она што се случува во Иран (жалам што голем број на Балканот не ја сфаќа таа ситуација) и допрва ќе се видат последиците од џихадизмот што се шири. Подоцна паралелно тие станале сојузници на МИ6 (Британија) и УДБА (Југославија – „неврзани“), а од 1950-тите години и со САД…. Што мислите зошто? (Роберт Драјфус.) Дали сте помислиле дека во „ладната војна“ на глобалниот запад му се исплатеше половина Европа да биде комунистичка? Знаете ли колку имот е опљачкан од Источна Европа (не само од Евреи)? Може да се изградат неколку средни земји како Нов Зеланд, Чиле, Чешка…. или илјада Македонии! Ништо не е вратено – освен трошки колку да молчат. Опљачканите пари, злато, вредности отидоа во нивните банки (Швајцарија, Франција, Америка – Северна и Јужна….). Знаете ли која улога ја имал Мартин Борман? Илјадници тони злато и вредности да пренесе… Каде? Напредокот на сојузничките армии на терен на Холандија е забавен заради тоа шест месеци – знаевте? И до денес се вртат каматите. Истото тоа ќе се случи со Украина, можеби и Иран и понатаму! И имотите на дедо ми така се вртат, а јас ќе си отидам ќутук. Затоа ги знам овие работи. Ако Југославија беше „капиталистичка“ – парите ќе мораше да ги вратат (како во Франција, Грција итн.). Значи, еден аспект на нацизмот е да се опљачкаат богатствата. Втор е екстремен фанатизам кој е манипулиран и да се уништи (и опљачка) СССР. Јапонскиот фанатизам не го скршија двете атомски бомби, туку царот и приближувањето на Советите (Василевски). Што ќе ги скрши Иранците? Америка денес сака победа без жртви… а ајатоласите и за милион жртви не се грижат. Војната со Иран ја губат затоа што џихад-цивилизацијата е фанатична, а западната е дијареична. Кој може да уништи фанатици? Бог или други фанатици! Како оперираше Бжежински – „Operation Cyclone“, Стив Кол, Даглас Вислинг. Демек – муџахедини против комунизам… тралалала… сега џихадистите се враќаат како бумеранг! Ќе нѐ сотрат! Се котат! Дали сте свесни? Нашиве пак им се лигават и одушевуваат по медиуми, па и по партии – а се сеќавате ли бре на балистите, Ханџар, УЧК? А верата?
Војната сега и во иднина е математика! Армијата чита „футпринт“ – спектрална анализа на СИГИНТ, expMath, AIQ… – знаат експертите – математичка „хируршка“ морфогенеза на прочуените Арнолд, Ковалевскаја, а сега – најди ги Теренс Тао, Ендрју Гелман, Анџив Арора, Шај Шалев, Нога Алон, Мајкл Хил, Андреј Григориев… Дали ќе се вмешаат ДАРПА, ФПИ, АРФ, МАФАТ? Па, сигурно! Ова е локална војна на армии и светска војна на разузнавачи! Порано Западот ги решаваше светските конфликти здружен со Русија (Велингтон, Линколн, Вилсон, Ајзенхауер, Черчил). Колку Руси загинаа само за Берлин? Осумдесет-сто илјади (Григориев) плус 300.000 ранети… Кој ќе гине за Иран? Што ако Трамп се врати со празни раце… Чемберленка ќе му пеат… И гледате сега – од купче фанатици светот се тресе за енергија, храна, вода и вашиот живот. Следуваат експлозија на цени, безработица, берзи, инфлации… „Луд Макс“! И што ќе прави Трамп? „Го-го“ стратегија (види Адижес идеја – David Lai, Jonathan Klug)… „Џихадот го удираш… или не си“!Така велеа партизаните некогаш. Буџетот за војна ќе го зголеми на 1,5 трилион. Научивме дека историјата е вечна војна, а „ладната војна“ е вечна компликација. Едно друго „глупаво“ прашање – дали се ајатоласите Хазари или Евреи…глупост… страшно ми личат на пријатели преживеани од холокаустот. Господ знае кого уфрлуваат… Денот на пишување на текстот е 7 април, а кога ќе читате ќе биде „зора на терминаторот“. Ништо не е готово.
Трета причина за уништувањата на Евреите (вклучително и за Македонија) е т.н. „евтаназија-проект“. Што е тоа? Некои луѓе едноставно излегуваат од орбитата на вера, морал, хуманост и добиваат нагон за убивање и мачење. Па, што гледате денес со аферата Епштајн? Нагонски гнилеж. Меѓу другото, епштајнизмот е школа од нацизмот. Дали ќе ви стане појасно ако ви кажам дека во „евтаназија-проектот“, кој потекнува од еугеника, и во холокаустот инволвирани се имиња како Рокфелер, Карнеги, Др. Попенрое, Пол Госни, Чарлс Гоете, Хариман, Борд на Калифорнија Каритати, Борд на Универзитетот Калифорнија на Регенти, компании – АЕГ, Фарбен, Чеис банка, Форд, Хуго Бос, ЈАБ Холдинг, Кодак, Мерк, Мерцедес, Порше, Шел, Волстрит (Антони Сутон)… професори од Харвард, Стенфорд, Јејл, Принстон… додека Менгеле, Хајде, Леј, Глауберг, Брандт – наци-доктори експериментирачи на луѓе беа само „кукли“. Македонско-тракиските Евреи се жртва на евтаназија-проект – постои договор меѓу Белев и Ајхман за „експериментално“ тотално уништување на Евреите од бугарско-окупаторските подрачја. Бугарските политичари велат дека „ги спасиле своите Евреи“. Знаете како? Ги испратиле по логори во Подунавјето. Пред две недели се јави и фамозниот профитер баци-Бугарин Љубчо Георгиевски со противтеорија за бугарогенеза на македонскиот холокауст. Само едно не ми е јасно – дали повеќе го обожава цар Борис Трети или Радев? Но не е битно – тој не е виновен. Виновни се медиумите што постојано го воскреснуваат и холивудизираат. Парите (милијарди) што тој и таа сорта „ајкули“ ги ишмукаа од народот се „финансиски холокауст на Македонија“. А истрага? Тралала… Сепак, Љубчо ги создаде „бранителите“ (свесно или несвесно) – барем нешто и за Македонија. Каде се бранителите? A каде се Гоце, Питу Кузман, Чеде? Важно си имаме балистички спомени – Џемо, Мефаил, музеј… Само вие вљубувајте се во иранскиот џихад, бацете им… – Џемо ве чека! А од друга страна немање лекови и биолошка терапија за сите денес – нели е тоа „медицински нацизам“?. Македонија има уште многу да работи! Првата т.н. Историска комисија го негираше нацизмот на бугарските окупатори, прифати да станат „свети Бугари“ цар Самоил, Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски и се спремаше да ја предаде и Охридската архиепископија. Зошто сме млакоњи кон ова? Пластелинска флора и фауна. А воената одбрана? Замислете некој дрон од Иран да долета кај нас (ајде де… нема да се случи – само замислете). Кој ќе нѐ брани? Грција – ха, ха, ха, ха… не ми се верува! Цел свет протестира, урла, крши и навредува во демонстрации за Палестинците со тешки антисемитизми. Дали некој, макар и џуџе, некое зрно од луѓе негде протестира за Македонија? За напалм-пеколот во „Северна Грција“, за сегашната мизерија? Никој! Значи џихадот, Хамас и Хезболах им се поважни на светот? Размислете! Од 2000 година до денес само на Хамас му се дадени трилион долари. Џихадистички тајни служби се инфилтрирани по светот, а кај нас? – Охохоооо! Посилни се од светските разузнавачки служби. Еј, Балканци, плачете за Иран… а Иран плаче за вашите каротиди. Балканот секогаш има вишок крв. А што ако Иран и џихадот успеат да го уништат Израел? Кој ќе плаче? Ги „боли“ тенко црево… искрено мислам ќе играат оро – како велеше ес-ес офицерот Дитер Вислицени. А Европа? Зошто не даде армија за нафтата во Персискиот Залив, каде има витален интерес? Од хуманост? Смешки! Одговорот е импотентност – нема силна армија како Иран! Дури ни како Хезболах – ете тоа! Европа е веќе окупирана од џихадизмот. Таа е комедија – дама „мадмазела“ од сликите на Пикасо! Се сеќавате ли на филмот „Дали сме луѓе или каплари“?