На 29 октомври 2024 година, светот го одбележува Меѓународниот ден на грижа и поддршка под темата „Унапредување на достоинствената работа во економијата на грижа“.
Настанот за промоција на згрижувачките семејства во Македонија ќе се одржи утре 29 октомври 2024 година, во 18 часот, во Домот за култура Автокоманда во организација на СОС Детско село каде што со поддршка на Силви Бенд, заеднички ќе се прослави важноста на згрижувачите и да се поттикнат сите оние кои се размислуваат да станат дел од оваа благородна мисија.
Овој ден е посветен на подигнување на свеста за важноста на сите професии кои обезбедуваат грижа и поддршка, како што се згрижувачите здравствените работници, учителите, социјалните работници и многу други. Токму во 2024 на Меѓународната конференција на трудот, под водство на Меѓународната организација на трудот (ILO) е донесена Резолуција за достоинствена работа во економијата на грижа. Оваа резолуција е резултат на глобални напори за подобрување на условите за работа на сите кои обезбедуваат грижа и поддршка, вклучувајќи и згрижувачи, здравствени работници, учители, социјални работници и други професии во секторот на грижа. Resolution concerning decent work and the care economy.
Резолуцијата за достоинствена работа во економијата на грижа се однесува и на згрижувачките семејства. Резолуцијата ги признава сите форми на грижа, вклучувајќи го и трудот на згрижувачките семејства, и ја нагласува потребата за подобрување на условите за работа и поддршка за сите кои обезбедуваат грижа и поддршка.
Меѓународниот ден на грижа и поддршка, кој се одбележува на 29 -ти Октомври претставува можност да се подигне свеста за значењето на грижата и поддршката во заедницата. На овој ден сакаме да го поттикне вниманието на јавноста за важноста од обезбедувањето на грижа и поддршка на сите лица кои имаат потреба од тоа, особено на децата без родители и родителска грижа. Овој ден претставува глобален повик за солидарност и акција, каде што општествата ширум светот се фокусираат на потребата да се обезбеди сигурност, стабилност и поддршка за децата кои не можат да живеат со своите биолошки семејства – порачаа од СОС Детско село.
Тие додаваат дека згрижувачките семејства се препознаваат како клучни носители на грижа кои обезбедуваат безбедно и топло семејно опкружување за децата во потреба.
– Згрижувачките семејства се многу важни, бидејќи нудат непосредна и директна поддршка на децата кога им е потребна привремена или долготрајна грижа. Згрижувачите со својата посветеност, помагаат во намалувањето на траумата која децата може да ја доживеат кога се соочуваат со несигурност и губење на семејната стабилност. Преку својата посветеност и љубов, згрижувачките придонесуваат за развојот и благосостојбата на децата, помагајќи им да ја надминат кризата во која се наоѓаат и да се развијат во здрави и стабилни личности – велет од СОС Детско село.
Една од клучни поенти од резолуцијата е Признавање на трудот во грижата: Важно е да ги цениме сите кои се грижат, без разлика дали се платени или не.
– Промоцијата на згрижувачките семејства е од огромно значење на овој ден, бидејќи згрижувачите имаат важна улога во овозможувањето на децата да се чувствуваат сакани, заштитени и поддржани додека растат и се развиваат. Многу деца, поради различни причини, се соочуваат со ситуации на губење на родителска грижа, а згрижувачките семејства претставуваат мост кој им помага да се адаптираат, да ги надминат траумите и да го најдат својот пат кон стабилност и среќа. Тие овозможуваат континуитет на семејната грижа, што е од клучно значење за емоционалниот и психолошкиот развој на децата – појаснуваат од СОС Детско село.
СОС Детско Село на овој ден зборува за важноста на давателите на грижа, како што се згрижувачите и воспитувачите во градење на здраво општество. СОС Детско село истакнува колку е значаен нивниот придонес и потребата од поголема видливост и почит за нивната работа.
Овој ден е можност да се истакне важноста на грижата и поддршката во нашите животи и да се поттикне подобрување на условите за сите кои се грижат за други.
Овој ден е можност да се оддаде признание на сите оние кои се вклучени во грижата за децата – згрижувачи, воспитувачи и социјални работници, психолози, социјални едукатори и рехабилитатори, педагози и останати кои со својата работа и посветеност го обликуваат животот на децата, овозможувајќи им безбедна и среќна иднина.
– Меѓународниот ден на грижа и поддршка треба да биде можност кога сите чинители во општеството ќе застане зад оние кои секојдневно се залагаат за доброто на децата. Згрижувачките семејства ја носат тежината на оваа грижа, и затоа е важно тие да бидат препознаени, почитувани и поддржани. Овој ден е можност да се слави нивната хуманост, но и да се истакне потребата од уште поголем број згрижувачи кои ќе помогнат да се намали бројот на деца кои чекаат на дом и грижа – истакнуваат од СОС Детско село.
Меѓународниот ден на грижа и поддршка треба да потсети дека секое дете заслужува шанса да расте во средина која го почитува, разбира и сака, а згрижувачките семејства се тие кои можат да ја дадат таа шанса. Промовирањето на згрижувачките семејства е инвестирање во подобро утре, каде што сите деца ќе имаат можност за среќно и здраво детство.
Во СОС Детско Село, овој ден го одбележуваме со посебно внимание кон нашите згрижувачи и воспитувачи, признавајќи ја нивната неуморна работа и посветеност во обезбедувањето грижа за децата, порачуваат од СОС Детско село.
Што е СОС Детско Село?
СОС Детско Село е меѓународна организација која повеќе од 70 години се грижи за децата без родителска заштита и оние во ризик да ја изгубат грижата на своите биолошки семејства. Ние работиме со цел да обезбедиме секое дете да расте во средина полна со љубов, безбедност и поддршка, давајќи алтернативна грижа и јакнење на биолошките семејства за децата кои најмногу имаат потреба од тоа.
Во нашето работење, преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства тесно соработуваме со згрижувачи – посветени семејства и поединци кои го отвораат својот дом и срце за децата што се наоѓаат во потреба. Згрижувачите се клучен столб во нашата мисија, обезбедувајќи стабилна и безбедна семејна средина за децата кои ја изгубиле својата биолошка грижа.
Зошто е важно да станете згрижувач?
Во моментов, имаме потреба од нови даватели на услуга – згрижувачи кои ќе обезбедат грижа и поддршка за децата во нашата земја. Згрижувачите добиваат финансиски надоместок од Министерството за труд и социјална политика, како и постојана стручна помош и поддршка од страна на нашиот тим од СОС Детско Село.
Доколку сакате да помогнете и да направите разлика во животот на едно дете, станете згрижувач! Ние ќе ви обезбедиме сè што ви е потребно – од едукација до постојана поддршка – за да успеете во оваа важна улога.
Придружете ни се во оваа важна иницијатива и помогнете ни да обезбедиме секое дете да има безбеден и среќен дом!, апелираат од СОС Детско село.