Утре, ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремен слаб дожд. Во западните делови од земјата ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд со пообилен интензитет, над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од 2 до 6 Целзиусови степени, а максималните дневни ќе достигнат од 6 до 14 степени.
Според најавите на УХМР, нови врнежи се очекуваат в недела и на почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување проследено со повремени врнежи од дожд, а на планините и во дел од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

































