Фото: Архива

Центарот за глобални промени, истражувачка единица на Филозофскиот факултет
(УКИМ), утре и задутре ќе одржи меѓународната научна конференција насловена „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“. Како помагач во организацијата учествуваше Матица на иселениците од Македонија.

Центарот обезбеди присуство на врвни научни истражувачи од разни делови на
светот. Како воведничари на конференцијата ќе се претстават проф. Радика Десаи
од Канада, проф. Ричард Саква од Обединетото Кралство, д-р Јан Оберг од
Транснационалната фондација за истражување на мирот и иднината од Шведска и
проф. Џанг Веивеи од Кина.
Тематските панели кои ќе следуваат опфаќаат широк спектар на најургентни и
најсериозни проблеми од областа на меѓународната безбедност, геополитиката и
геоекономијата.