Во попладневните часови во текот на утрешниот ден, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вторник, снегот ќе се прошири и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
– Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 литри на метар квадратен), особено утре во текот на ноќта и во вторник претпладне.