Фото: Нова Македонија

Деветгодишниот мандат на судијата Јован Јосифовски завршува денеска, известија од Уставниот суд. Со завршувањето на мандатот на Јосифовски, Уставниот суд останува да функционира со петмина судии, од вкупно девет предвидени со Уставот.

– Јосифовски е избран за судија на Уставниот суд на 24 декември 2012 година, неговиот работен однос почна на 14 јануари 2013 година. Судијата Јосифовски даде придонес со своето активно учество во работата на Судот и во изминатите девет години му беа доделени 228 предмети – се наведува во соопштението од Уставен.