Уставниот суд моментно функционира без една третина од судиите, а од средината на јануари ќе се испразни уште едно судиско место, што значи дека ќе останат петмина судии, изјави претседателката на Уставен Добрила Кацарска на денешната прес-конференција, додавајќи дека Уставот како највисок акт предвидел оти во името на граѓаните ќе одлучуваат девет судии.
Таа предупреди дека со неизбирањето на нови судии ќе се предизвика дисбаланс меѓу евентуалниот напад врз уставниот поредок и заштитата на истиот од страна на судот, апелирајќи да се изберат нови судии бидејќи, според Кацарска, бидејќи ваквата состојба ќе го доведе во прашање легитимитетот на идните одлуки.
За да има одлука, посочи, потребни се најмалку петмина судии, но никој не може да гарантира дека сите петмина ќе бидат едногласни во одлуките.