Ученици од осмо одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Сара Кнежевиќ, Лука Вајевиќ и Виктор Јакимов, се вратија од глобалниот натпревар во дебатирање и општо знаење “World Scholar’s Cup” во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати со 28 медали и 2 трофеја. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски им го честиташе успехот
Тројцата ученици, во конкуренција од 500 други ученици од 23 земји, ги бранеа националните бои на Глобалниот зимски круг 2021 година. Со освоениот резултат тие влегуваат во квалификациите за Турнирот на шампиони, кој ќе се одржи на Јеил Универзитетот во Соединетите Американски Држави, на кој учествуваат десетте најдобри тима од шесте глобални рунди на годишно ниво.
-Искрени честитки до тројцата ученици, а ние продолжуваме да ги поддржуваме не само Сара, Лука и Виктор, туку и сите останати талентирани ученици од нашите училишта во претстаувањето нашата општина и држава – пишува во честитката Герасимовски.
Сара, Лука и Виктор, покрај останатите успеси, добитници се и на овогодинешната награда на Општина Центар, „Феникс“ во категоријата „Поединци и група творци.