Фото: Пиксабеј

Три земјотреси во различни делови од државава регистрирала рано утрово Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, во 1 часот и 12 минути бил регистриран земјотрес со епицентар на 111 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово, со Рихтерова локална магнитуда 3,3 степени е почувствуван во Валандово, Богданци и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Во 1 часот и 14 минути бил регистриран земјотрес со епицентар 113 км југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда 2,2 и е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

-Во 1 часот и 22 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопје со Рихтерова локална магнитуда 2,7 и е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала – соопшти Сеизмолошката опсерваторија.