Транспарентноста е и останува приоритет на оваа Влада, со оваа одлука обезбедуваме Стратегијата за транспарентност да се спроведува со забрзан ритам и со целосна одговорност, изјави заменик-претседателот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, откако на денешната владина седница беше усвоен ревидираниот Акционен план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), во делот кој се однесува на роковите и институциите одговорни за спроведување на активностите.
Работната група, составена од претставници на различни институции, која беше одговорна и за ревидија на Акциониот план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), од септември интензивно работеше на ажурирање на актуелниот план, со цел институциите да обезбедат уште по транспарентен пристап кон граѓаните.
Фетаи, како што информираат од неговиот кабинет, исто така, посочил дека важно е да се истакне дека во финална фаза е и формирањето на новата Работна група за изработка на Стратегијата за транспарентност 2027-2029.


































