Фото: МИА

Тони Тоневски кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа.

Тоневски во своето обраќање пред членовите, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на граѓаните и вети дека во наредните четири години ќе ја оправда довербата која му ја дадоа.

-Ќе бидам прв од вас што ќе се бори за сите убави работи што треба да му се случуваат на Пробиштип во наредните четири години – вели Тоневски.

Инаку, според ВМРО ДПМНЕ Пробиштип Тоневски е победник и новиот градоначалник на Пробиштип, а разлика со неговиот противкандидат Драган Анастасов е околу 30 гласа.