По смртта на Славица Свидерска, професорка по македонски Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, телеграма со сочувство до семејството испрати и Македонско друштво „Илинден”-Тирана.

„Дозволете ми, во името на Македонско друштво „Илинден”-Тирана и во свое лично име и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија искрени сочувство до вас членовите на фамилијата. Смртта на Славица Свидерска е голема загуба за вашето семејство. Македонско друштво „Илинден”-Тирана изразува најискрено сочувство кон членовите на семејството. Бог да ja прости и на нејзината душа нека ѝ дари Царство небесно каде што почиваат душите на праведниците“, стои во содржината.