Фото: Коалиција Вреди

Арбен Таравари, претседателски кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“ на првата прес-конференција по затворањето на гласачките места соопшти дека на овие избори има поголема излезност отколку на претходните избори, што, според него, зборува дека промените доаѓаат.

– Како „Влен“ сме пресреќни дека добивме гласови генерално од Албанците. Сега промените веќе се во кутиите кои веќе се отвараат. Се надевам дека нашите комисионери, нашите набљудувачи ќе ги контролираат и нема да дозволат да има злоупотреби и да се гарантира дека секој глас што е даден на демократски начин ќе излезе на површина. Гласот на граѓанинот никако не треба да се злоупотребува – рече Таравари.

На 8 мај очекува победа на коалицијата „Вреди“ и доаѓање на промената со одењето на ДУИ во опозиција.