Фото: МИА

Случувањата во овој момент во политиката се динамични и треба да се носат разумни одлуки, рече Арбен Таравари пред почетокот на партиското собрание на Алијанска за албанците кое денес се одржува во Гостивар. Меѓу новостите беше и доаѓањето на Исен Шабани, актуелен градоначалник на општина Врапчиште кој доскоро беше и потпретседател на партијата во крилото на Зијадин Села.

На прашањето на новинарите околу коалицирањето со останатите партии на албанците во Македонија, Таравари рече дека се коалициски партнери.

– Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори – рече Таравари

Тој потврди дека со Изет Меџити имале средба пред четири дена и дека разговорот бил конструктивен и траел речиси два часа. Тараври, исто така потврди дека имал и средба со лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети кога се сретнал со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

– На таа срдба само се поздравивме, како што налага однесувањето во такви прилики. Јас со секој политичар би се поздравил освен со лидерот на Левица – потенцира Таравари.

Исен Шабани одговорајќи на новинарски прашања за неговото присуство и можно кандидирање на претстојните избори рече дека планира да биде независен кандидат и да бара поддршка од крилото Таравари.

-Денес собрав храброст да ги отстранам сите дилеми за АА и да биде што е можно повеќе обединета – рече Исен Шабани.

Според најавите дека Шабани е можен кандидат за трет мандат за градоначалник во Врапчиште, тој посочи: – Не можам да бидам партиски потпретседател додека не поднесам независна кандидатура – изјави Шабани.

На дневен ред пред партиските членови е дикусија за актуелната политичка состојба, за локалните избори, а донесена е и декларација за трагедијата во Кочани.