Фото: Принтскрин

Модуларните болници во земјава, кои се користеа во време на пандемијата, веќе се пренаменуваат, но не во болници туку во амбуланти и други објекти што се потребни за другите министерства, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на Велешката општа болница.

-По тоа што се случи во Тетово со пожарот во Модуларната болница, апсолутно тие болници не смееме да ги користиме бидејќи знаете како завршија 15-16 пациенти во Модуларната болница во Тетово. Не смееме ни да размислуваме за користење на тие времени објекти како болници – рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.

В.д. директорот на Велешката општа болница Александар Бузалков информира дека засега не размислувале за пренамена на Модуларната болница во Велес. Дподаде дека таа е тука, како имот, се грижат за неа постојано да биде исправна, да не се оштетува и рече дека понатаму  ќе и  се најде нова намена.