Полициски службеници од Полициска станица „Богородица” на автопат А1, кај наплатна рампа „Демир Капија“, во такси возило пронашле тројца мигранти од Куба.
Такси возилото го управувал С.С.(56) од Скопје. Кај мигрантите Л.С.М.(37), А.М.Н.З.(47) и А.Г.М.(52), од извршените проверки во патните исправи и службената евиденција било утврдено дека имаат остваренo нелегален влез на територијата на државата.
Возачот бил повикан во полициска станица за понатамошно расчистување на случајот, а на лицата мигранти им е изречена глоба и издадени им се решенија за протерување од државата.