Фото: Маја Јаневска-Илиева

Полициски службеници од СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со С.А. (39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 1 јуни годинава на булевар „Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.