Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна посета на СВР – Охрид и Регионалниот центар за гранични работи – Запад, каде што оствари средба со раководствата на овие организациони единици. Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјава, за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР – Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР – Охрид, така и на територија на целата држава – се истакнува во соопштението.
Било констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.