Вечерва во Скопје синоќа се одржа свечен прием по повод стапувањето на должност на новата амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија, Џијанг Сјаојан.
На приемот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, институции и гости од општествениот и јавниот живот.
-За време на овие два месеци откако сум тука, длабоко сум трогната од топлината на македонскиот народ и се чувствувам охрабрено од огромниот потенцијал за взаемно корисна соработка. Имам целосна доверба во иднината на билатералните односи – рече Сјаојан.