Судскиот совет денеска на седница расправаше по повеќе точки од дневниот ред, меѓу кои и за 72 претставки и поплаки поднесени од граѓани и правни лица за работата на судиите, претседателите на судовите и самите судови.
Советот за три претставки и поплаки против судии и судови одлучи дека се основани, три ги повлече, а за останатите констатираше дека се неосновани.
Дополнително, во продолжение на седницата која ја затворија за јавноста, членовите на Судскиот совет треба да формираат и комисија на известители по поднесени барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд.

































