Студентскиот совет на Академијата за театар, радио, филм и телевизија (АГРФТ) во Љубљана, Словенија, напиша писмо за поддршка на граѓаните во Македонија, во врска со трагедијата што се случи во Кочани.
– Студентите од Академијата за театар, радио, филм и телевизија изразуваат длабоко сочувство и солидарност на сите жители на Северна Македонија кои беа погодени од трагичната несреќа во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. Пожарот, во кој животот го загубија 59 лица, а 155 беа повредени, ја потресе целата регија.
Во овие тешки моменти сакаме да нагласиме дека стоиме покрај сите погодени и нивните семејства, изразувајќи ја нашата најискрена поддршка. Студентите на АГРФТ веруваат дека сочувството и поврзаноста се најмоќните сили во времиња на искушение. Вашата болка е и наша болка, вашата борба е и наша борба. Сакаме да знаете – мислиме на вас, со вас сме и стоиме на ваша страна – стои во писмото на Студентскиот совет на АГРФТ.