Србија ќе ја изземе Македонија од забраната за извоз на природен гас, соопшти вечерва премиерот Димитар Ковачевски.
– Ветив дека ќе направиме се и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брбаниќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас – напиша Ковачевски на „Фејсбук“.
Посочува дека преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен Балкан и преку партнерскиот однос, обезбедена е поддршка онаму каде највеќе треба, односно компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата.