Традиционалниот спортски фестивал „Илинден 2024“ ќе се одржи во Струга на 2 август. Во рамките на своите можности силите ќе ги одмерат 200 натпреварувачи. Во 11 часот „се отвораат вратите“ на фестивалот и редоследно се надоврзуваат ватерполо турнир во соработка со Ватерполо федерацијата на Македонија, пливачките трки, кајак регатата, трките во СУП и за крај на радост на сите македонски граѓани, а и гости е натпреварувањето во Такла.
– Спортскиот фестивал Илинден е автентичен спортско – туристички настан. Својата автентичност од една страна ја црпи од самата локацијата на одржување, тоа е реката Црн Дрим, во централното градско подрачје, а од друга страна по природата на спортските дисциплини кои се вркрстуваат заедно дента: ватерполо, пливање, кајак, веслање суп штици и се, разбира најпосебната за градот – скокот Такла – вели проф. д-р Лиза Пантековска, член на организацискиот одбор.
– Организацијата на едно случување е практично невозможно без покровители. Во таа насока изразуваме благодарност на Алкалоид, Пекабеско, Евроинс Осигурување, Рехау, Брако, Скопска Пивара, Фондација Фиданка, ДИНГ Инжинеринг, Струшки градител и се разбира Вам како национален медиумски покровител, што овозможија фестивалот непречено да трае. Не би сакала да ги изоставам во овој контекст и помагателите во името на локалните компании како и поддржувачите кои се погрижија некои организациски аспекти на фестивалот да станат реалност – рече Пантековска.