Фото: пиксабеј

На високите стручни школи и на факултетите минатата 2022 година дипломирале 7483 студенти на додипломски студии, што е намалување за 3,5 проценти во споредба со 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од пристигнатите извештаи, од вкупниот број дипломирани студенти, 5995, односно 80,1 процент се редовни, а 1488, односно 19,9 отсто, се вонредни студенти.

Поголем број, или 57,1 проценти, од дипломираните се студентки.

-Од вкупниот број студенти, 40 проценти дипломирале во рокот, додека 60 проценти дипломирале по рокот, наведува ДЗС во објавата за дипломираните во 2022 година.