Денес доцна попладне во Крушево, параглајдерист удрил во дрво високо над 30 метри, поради што се повредил и останал да виси на дрвото.
Локалните сили не можеле да го симнат, па бил повикан тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување.
Во лоши услови, со силен ветар и во ноќ, тимот ДЗС безбедно го симна од дрвото на кое беше закачен странскиот параглајдерист кој за среќа нема сериозни повреди.