Фото: МИА

Планинар е изгубен на подрачјето на Националниот парк Пелистер во близина на локацијата позната како „Антена“. Акцијата за негово пронаоѓање е во тек.

– Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех – информира Центарот за управување со кризи.

Случајот е пријавен во СВР Битола и во Националниот парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатени на терен.

– Поради непристапниот терен и густата магла, од Ситуациониот центар биле побарани координати, при што биле доставени координати кои не одговараат на пријавената локација на планинарот. Остварен е контакт со директорот на Националниот парк Пелистер, кој и самиот се наоѓа на терен. Тој стапил во комуникација со началникот на СВР Битола со цел обезбедување на точни координати за лоцирање на планинарот – информира ЦУК.