Состојбата во Турција е многу лоша. Се извелкуваат само мртви тела, но ние не се откажуваме, велат од армискиот тим од Македонија кој трет ден е ангажиран во спасувачките операции во Каранманмараш.
Велат дека вчерашното извлекување на малиот Сулејман од урнатините им дало надеж дека се’ уште има преживеани.
Македонската армија испрати три тима во Каранманмараш кои непрекинато ги извршуваат задачите заедно со останатите спасувачи со цел спасување на човечки животи.
Вчера спасија дете кое повеќе од три дена било затрупано под урнатините.