Фото: Маја Јаневска-Илиева/илустрација

Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец од синоќа, од 23.20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување – соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.