Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце е пренасочен во двата правца поради појава на пожар на потегот по БП Дизел, спроти базата на „Гранит“, информира АМСМ.
Според податоците на ЦУК, заклучно со 13 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни се десет. Има три активни пожари во Македонски Брод, помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), во с. Самоков (опожарен лесно запалив материјал) и во с. Рамне (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков), два во Кавадарци: с. Крушевица (ниска вегетација) и с. Крњево (нискостеблеста вегетација) и по еден во Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар), Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација). Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума), Велес: нас. Речани (сува трева) и во Шуто Оризари (депонија).