Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Пониква, кој не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинскиот премин Пресека до 150 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

































