Доколку до крајот на месецов не бидат исполнети барањата на СОНК за усогласување на платите во основното и средното образование, од Синдикатот на образованието, науката и културата велат дека ќе ги активираат „најрадикалните синдикални мерки“.
– Советот на СОНК го прифати барањето на Кабинетот на претседателот на Владата за дополнителен период за преговори од една недела, односно до крајот на месец септември. Доколку и по овој период не се излезе со позитивно решение за членовите на СОНК, односно за вработените во основно и средно образование, Советот на СОНК ќе донесе Одлука за понатамошни синдикални активности, не исклучувајќи ги и најрадикалните – се наведува во заклучоците на Советот на синдикатот.