Македонското Собрание вечерва ги донесе Законот за учебници во основно и средно образование, Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за образование на возрасните.
Поддршка од пратениците добија и неколку закони од областа на културата: Законот за изменување на Законот за заштита на културното наследство, Законот за изменување на Законот за филмската дејност, Законот за изменување на Законот за издавачката дејност, Законот за изменување на Законот за музеите.
Пратениците ги одобрија и Законот за задолжување на Македонија со заем кај ЕУ по Договор за заем за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, по скратена постапка и Законот за изменување на Законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.