Илустрација / Фото: Маја Јаневска -Илиева

Собранието попладнево ја продолжи 76. седница и ги донесе законите за изменување на Законот за буџети, Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје и закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје и измените и дополнувањата на Законот за експропријација, сите по скратена постапка.

Седницата продолжи со дебата по Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски пред пратениците ја образложи Резолуцијата.