Функционален систем, што нема да реагира само по настанување на насилството, туку ќе делува превентивно, ќе ги препознава ризиците на време и ќе обезбедува координирана и професионална поддршка на секоја жртва, е целта на Националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени семејно насилство 2026-2033. Тоа го истакна денеска заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на јавната расправа за стратегијата на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство и семејно насилство 2026-2033, според него, е стратешки документ што ја осликува јасната политичка определба на државата за нулта толеранција кон секој облик на насилство во врз жените и семејното насилство.
– Ова стратегија е резултат на институционална одговорност, меѓуресоска соработка и свестност дека борбата против насилството бара долгорочен, системски и решителен пристап. Со неа воспоставуваме стабилна рамка за превенција, рана идентификација, ефикасна заштита на жртвите и јасна одговорност на сите институции во системот – рече Велковски.
Тој, меѓу другото се осврна на реформите кои ги прави ресорното министерство за зајакнување на владењето на правото и континуирано унапредување на демократијата во целосната согласеност со меѓународните стандарди.
– Со донесувањето на законот за спречување и заштита од насилство во врз жените и семејното насилство се воспостави формален инструмент за реформи, изградба на капацитети и воспоставување ефективен систем за превенција, заштита и поддршка на жртвите. Направивме суштински исчекор со измените на кривичниот закон. За прв пат се воведе јасна дефиниција за родово базирано насилство во врз жените, се прошири поимот на жртва, се инкриминира фемицидот како квалификуван облик на убирство и се воведуваат нови кривични дела како демнеење, полово, вознемирување и осакатување на женските полови органи и присилната стерилизација – истакна Велковски.
Тоа, нагласи, е јасна политичка порака дека насилството врз жените претставува сериозно кршење на човековите права и дека државата ќе нема толеранција за ваквите дејствија.
– Оваа реформа е доказ за нашата решителност во борбата против неказнивоста и сторителите, а воедно и заштита на достоинството вврз секоја жена – додаде Велковски.
На барање на пратеничката Илире Даути од Алијанса на Албанците, која тврдеше дека нема материјали на албански јазик беше дадена пауза од 10 минути.
































