Фото:ЛС Прилеп
„Ромската заедница е нераскинлив дел од нашата заедница која се темели на почитување на различностите. Како Општина, градиме општество на рамноправни граѓани, на взаемно почитување, разбирање и еднаквост. Нашата локална самоуправа останува фокусирана на подобрување на квалитетот на условите за животот на сите граѓани: за квалитетно образование, за инклузија во сите сфери на општественото живеење, за подобри услови и интеграција на Ромите во заедницата, за подобрување на нивната социјална и економска состојба”, посочи денес градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески на одбележувањето на 8 Април, меѓународниот ден на Ромите.
Според Јовчески во ромската населба „Тризла“, реализирани се бројни проекти, а ќе се реализираат и други за подобрување на патната инфраструктура,  водоводната и канализационата мрежа, подобрување на уличното осветлување и подобрување на културно- забавниот и спортски живот на Ромите.
Во рамките на одбележувањето на меѓународниот Ден на Ромите, се реализира изложба на ликовни дела, подготвена од учениците и наставничката Маја Најдоска од ООУ „Добре Јованоски“, која имаше хуманитарен карактер, а се одржа и турнир во футсал на игралиштето во училиштето „Добре Јованоски“, изградено преку проект на УНДП, со кое се подобрени условите за спортување и рекреација на ромското насление и на сите деца воопшто.
Создадени се услови за докомплетирање на основно образование на возрасни Роми и по завршена едукација ќе бидат доделени сертификати за успешно завршено основно образование, Се работи и на подобрување на интеграцијата на ромските деца во училиштата и детските градинки, и на  поголема вклученост на учениците Роми во средните стручни училишта…

Во чест на меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, денеска на јарболот пред зградата на Општина Прилеп  се вее  ромското знаме.