Македонија викендов е под силен циклон кој донесе студено време и врнежи од снег.
На повисоките места, како и скијачките центри, од попладнево вее снег. На некои места има формирана снежна прекривка. Снег има и на падините на Водно, каде исто така се формира снежна прекривка.

Покрај високите места, снег падна и во котлините, а попладнево снег врне и во Скопје.
На превојот Стража, треба да се вози внимателно. Иако се чисти, снежната прекривка се формира брзо. Возачи јавуваат дека има и пролизгување поради ниските температури и заледување на асфалтот. Истите препораки важат и за патот кон и од Маврово.
Во последните години, снегот во април не е невообичаена појава во Македонија.