Фото: Маја Јаневска Илиева

Во главниот град денеска паѓа најавениот снег. Снег врне и во поголемиот дел од Македонија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи oд дожд и снег, прогнозираат од Управата за хидртометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информира УХМР.